Американското месечно списание „Венити фер“ има долгогодишна традиција да прави „холивудско издание“ при крајот на годината, на чија насловна страница ги става најуспешните имиња од светот на глумата. Првото „холивудско издание“ било издадено во 1995 година, кога историјата на филмот ја одбележа својата 100-годишнина.
„Венити фер“ и оваа година им отстапи место за спектакуларна насловна страница на актерите кои оставија свој белег со својата актерска игра – Зендаја, Глен Пауел, Зои Салдања, Никол Кидман, Дев Пател, Сидни Свини, Џош О’Конор, Даниел Дедвајлер, Џонатан Бејли, Лиза, Нкути Гатва и Бил Скарсгард.
Актерите позираа пред објективот на фотографот Гордон фон Штајнер, во елегантни изданија стилизирани од модниот уредник Џорџ Кортина. Интересно е дека дури четворица чувари биле задолжени за сигурноста на скапиот накит, 200 пара чевли и 30 полици за облека.
Исто така, новинарската екипа на списанието направи интервју со секоја личност која се најде на насловната страница.
Насловната страница го разнесе интернетот. Објавата на „Венити фер“ на Инстаграм собра повеќе од 156.000 лајкови за еден ден и има многу коментари на „X“.
putting josh o'connor, jonathan bailey and bill skarsgard in the same month??? cover thanks for that @VanityFair you are doing god's work darling
— zeynep ☆ (@madamkruvasan) November 14, 2024
Get ready to swoon? #VanityFair cover with Zendaya, Dev Patel and our Nicole. #icons pic.twitter.com/56pd2fVCzB
— Nicole Kidman Fans (@NKidmanFans) November 14, 2024
LISA, Zendaya, Glen Powell, Zoe Saldaña, Nicole Kidman, Sydney Sweeney, Dev Patel, Josh O’Connor, Danielle Deadwyler, Jonathan Bailey, Ncuti Gatwa and Bill Skarsgard for Vanity Fair’s Hollywood issue. pic.twitter.com/1yCY0XI3qc
— Pop Base (@PopBase) November 13, 2024
Зендаја, ѕвездата на серијата „Еуфорија“ („Euphoria“), рече дека имало моменти кога нејзината кариера не се развивала како што планирала.
„Пред многу години, јас направив проект кој пропадна. Требаше да снимаме, а потоа се распадна еден месец пред сè да започне. И тогаш го добив сценариото за ‘Еуфорија’. Си реков: ‘Фала му на Бога што филмот се распадна’. Навистина има причина за сè“, рече таа.
Да потсетиме, Зендаја освои две Еми награди за нејзината улога Ру во оваа тинејџерска серија.
Во интервјуто Зендаја зборуваше и за врската со ѕвездата на „Спајдермен“, Том Холанд, иако ретко зборува за нивната врска во јавноста. "Сакам да работам со него. Тој е толку талентиран и страстен за она што го работи. Секогаш дава илјада проценти од себе. Навистина го ценам тоа кај него", зборувала таа.
Никол Кидман откри зошто ја прифатила улогата во еротскиот филм „Малечка“ („Babygirl“).
„Ако се смета за ризик, јас го преземам. Ако тие се храбри ризици, тогаш ќе ги преземам тие ризици“, рече таа.
Во интервјуто, таа зборуваше и за нејзината мајка Џенел, која почина непосредно пред таа да добие награда за „Малечка“.
Сидни Свини проговори за голите сцени во филмовите.
„Секогаш поддржувам голотија ако тоа го бара приказната на ликот. Без разлика дали е маж или жена“, рече таа.
Таа зборуваше и за лицемерието на жените во Холивуд.
„Сите велат дека жените си се поддршка во оваа индустрија. Ништо од тоа не се случува. Сето тоа е лажно“, додаде таа.