Поранешниот супермодел Синди Крафорд (58) е позната како една од најубавите жени во светот. Иако порано ја гледавме дотерана од глава до пети, познатата убавица сега одлучи на своите следбеници да им покаже како изгледа без шминка.
Крафорд на својот Инстаграм профил објави фотографија од кревет облечена во бела ноќница со тантела, без градник и шминка на лицето. Познатата убавица годро се фотографираше во сосема природно издание, со што уште еднаш покажа дека не се срами од своите години и достоинствено старее.
Под објавата следуваа низа коментари од следбениците и обожавателите на супермоделот.
„Сè уште изгледаш убаво, Синди“, „Твојата кожа изгледа совршено“, „Најубавата жена на светот“, „Каква божица си“, „Ти си неверојатно убава“, „Толку убава без шминка“, „Убавина како никој друг“, „Убава и природна како и секогаш“, „Конечно некој чие лице не е целосно испружено“, се само дел од коментарите.