[ФОТО] Скандалозната Бјанка Цензори сосема поинаква: Облечена и насмеана – не е истата жена

Точка

14/11/2024

16:59

1.575

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Канје Вест, атрактивната Бјанка Цензори, која секој пат изненадува со нејзиниот неверојатен стајлинг, и овој пат се најде во центарот на вниманието но не поради откриените „адути“ туку поради тоа што одлучила да ги „покрие“.

Во средата, Бјанка Цензори заедно со пријателите беше во посета на Дизниленд паркот во Анахајм, Калифорнија, а интересно беше тоа што нејзиниот сопруг не беше во нејзина придружба.


Меѓутоа како и секогаш нејзината модна комбинација ги привлече сите погледи, но овој пат таа не се појави во она на што сме навикнати да ја гледаме, туку во сосема спротивно издание, односно беше целосно покриена.



Бјанка носеше бели хеланки, тесна маица и впечатливи бели чизми.


Меѓутоа таа не се појави во оваа комбинација бидејќи го сменила имиџот, туку за да ги испочитува правилата за облекување на паркот кој го посетуваше, така што нејзините обожаватели можат да здивнат – и понатаму ќе ја гледаме во разголени и бизарни изданија.




Иако минатиот пат не го почитуваше кодексот на облекување во Дизниленд, односно се прошета боса низ паркот, овој пат нејзиниот стајлинг сепак беше на место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг