Снимката од Барон Трамп, синот на Меланија и Доналд, на која тој зборува кога имал само четири години ги преплави социјалните мрежи.
Откако поголемиот дел од животот го помина надвор од светлата на рефлекторите, најмалиот син на Доналд, Барон (18) во последните неколку месеци стана интернет – сензација. Исто така неодамна, Доналд откри дека токму Барон стоел зад неговата политичка стратегија на гостување во бројни поткасти која на новиот американски претседател му донесе наклонетост од помладите американски гласачи.
Меѓутоа на социјалната мрежа „Х“, се појави снимка која за кратко време стана вирална, а на која може да се слушне како четири годишниот Барон додека зборувал англиски имал изразено словенски акцент. Многумина од неговите новостекнати обожаватели се воодушевија од снимката со оглед на тоа дека на социјалните мрежи нема многу видеозаписи на кои може да се слушне како зборува Барон.
Овој клип е дел од специјалната емисија на Лери Кинг од 2010 година, а во рамки на која познатиот американски водител помина одредено време со Доналд и Меланија Трамп, и го прикажува Барон кој се подготвува за прв пат да тргне на училиште.
Little Barron Trump with his Slavic accent.
— James Porrazzo (@JamesPorrazzo) November 14, 2024
The US will soon be a Russia-friendly, Serbia-friendly, Hungary-friendly state. Suffer and seethe liberals. pic.twitter.com/Qk3IJcCBlk
„Сега морам да одам на училиште?“, ја прашува Барон мајка му со изразит словенски акцент.
Потоа Меланија му одговара: „Да, прво ќе ручаш, а потоа ќе одиш на училиште“, додека Доналд му вели: „Ќе можеш да читаш, пишуваш, да пресметуваш“.
Притоа многумина изразија почит спрема Меланија: „Ги имаше сите пари на светот за да му обезбеди дадилка на Барон, но очигледно поминала толку многу време со него така што тој почнал да звучи како неа“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.