[ФОТО] Оливија Мун гордо ја покажа лузната по операцијата на дојката и охрабри многумина жени

Точка

26/10/2024

18:44

2.751

Големина на фонт

а а а

Актерката Оливија Мун гордо ја покажа својата лузна од мастектомија во новата кампања на брендот „SKIMS“ и на тој начин охрабри многумина жени кои се борат против ракот на дојката.


„Кога ме побараа од „SKIMS“ во врска со оваа кампања, првичниот план беше да ги рекламирам нивните корсети и хеланки. Воопшто не стануваше збор за мојата лузна“, вели Мун.

Кога требала да ја смени облеката за време на снимањето, шминкерката се обидела да ѝ ја покрие лузната, но тоа било многу тешко.


„Потоа се погледнав во огледало и си помислив: „Не сакам повеќе да се чувствувам несигурно поради моите лузни“, рече таа, а после тоа таа гордо позираше пред објективот.

Таа во март годинава објави дека ѝ бил дијагностициран луминален тип Б канцер на двете дојки, а ги замрзнала јајцеклетките. Мун, исто така имала операција за отстранување на јајцеводите и јајниците, по што следела мастектомија и реконструкција на градите.


Таа изјави дека сега чувствува голема благодарност кога ќе ги погледне своите лузни, градите или начинот на кој ѝ стои облеката, и верува дека нејзиното тело е доказ за тоа колку храбро се борела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг