[ВИДЕО] Принцот Вилијам за прв пат по шест години јавно го спомена братот Хари

Точка

27/10/2024

20:37

2.297

Големина на фонт

а а а

Принцот Вилијам се потсети на моментите од детството со неговиот брат принцот Хари во неговиот документарен филм „Prince William: We Can End Homelessness“.

Во видеото објавено во саботата, принцот откри дека неговиот интерес за добротворна работа започнал откако неговата покојна мајка принцезата Дијана ги однела него и неговиот брат во „The Passage“, британска добротворна организација која ги поддржува оние кои би можеле да станат или веќе се бездомници. Ова воедно беше и неговото прво јавно спомнување на Хари по шест години.

„Мама нѝ нè однесе Хари и мене во „The Passage“. Тогаш имав 11 години, можеби 10. Никогаш порано не бев на некое слично место и бев помалку загрижен што да очекувам оттаму“, изјави Вилијам.

Принцот потоа детално објасни што се случило тој ден и откри до кое сознание тогаш стасал.


„Мајка ми го правеше своето вообичаено, се смешкаше и се шегуваше со сите. Се сеќавам дека тогаш си помислив: „Па, ако сите немаат дом, сите ќе бидат навистина тажни“. Но, неверојатно беше колку среќно беше тоа окружување, се сеќавам на добрите разговори, играњето шах, муабетите, и тогаш ми падна на памет дека постојат и други луѓе кои немаат ист живот како мене“, се потсети принцот.


Тој истакна дека оваа посета му помогнала да сфати дека сите не живеат истживот.

„Знаеш, кога си многу мал, само мислиш дека животот е она што го гледаш пред себе и не гледаш ништо од страна. Така кога ќе сретнеш други луѓе, како јас тогаш, се стекнуваш со поразлична перспектива, додаде Вилијам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг