Актерката побарала да ја исклучат од апаратите: Најпознатата „злобничка“ од теленовелите кои сите ги обожувавме, ја загуби борбата со тешката болест

Точка

26/10/2024

21:10

6.825

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите ѕвезди на мексиканските теленовели, Едит Гонзалес, почина на 55-годишна возраст пред 5 години, а обожавателите сè уште не можат да прежалат за нејзиното заминување. Таа три години се бореше со ракот на јајниците, а само еден месец пред смртта се чинело дека ќе успее да ја победи оваа тешка болест.

Македонците ја паметат по улогите во сериите „Доња Барбара“, „Диво срце“, „Саломе“, Љубов и омраза … Едит имала визија како да им помогне на оние кои се борат со ракот.


„Сакам да зборувам за сите видови на рак, не е важно дали имате рак на дојка, рак на јајниците или рак на белите дробови. Оваа болест не прави разлика помеѓу пол, националност, возраст или социјална класа. Може да го погоди секого. Тоа е тешко, нема да го негирам тоа, но би било грев да не ја сакам мојата ситуација и мојот живот. Сакам да уживам во секој момент, бидејќи не знам уште колку време ќе бидам тука“, говорела таа.


Денови пред смртта ѝ се влошила здравствената состојба, поради што ја приклучиле на апарати кои ја одржувале во живот. Лекарите им рекле на нејзиното семејство, нејзиниот 64-годишен сопруг Лоренцо Ласо, нејзината 14-годишна ќерка Констанца и нејзиниот брат Виктор Мануел дека мозокот на актерката е мртов, а семејството одобрило исклучување од апаратот.


„Сакавме да ѝ ги олесниме маките кои ги преживуваше речиси три години. Ние ѝ ја исполнивме желбата. Иако до неодамна тврдеше дека се чувствува одлично, јас во моето срце знаев дека доаѓа крајот. Не можам да ја опишам тагата што ја чувствувам поради загубата на сопругата“, изјавил Ласо, кој и бил голема поддршка веднаш штом дознала за тешката дијагноза. Пред да почине, Едит му рекла на својот брат дека сака да ја исклучат од апаратите ако видат дека нема повеќе помош за неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг