[ВИДЕО] Мел Гибсон ја навреди Камала Харис: „Таа има коефициент на интелигенција како ограда“

Точка

27/10/2024

15:20

1.985

Големина на фонт

а а а

Мел Гибсон ја навреди Камала Харис потенцирајќи дека таа има лоша репутација и коефициент на интелигенција како ограда.


Гибсон го поддржува Доналд Трамп на претстојните американски избори и истакнува дека не е тајна дека ќе гласа за него. Тој вели дека знае оти нема да биде добро доколку Харис стане лидер на САД.

Во видеото објавено од „TMZ“, репортерот кој го „улови“ Гибсон додека се шеташе низ аеродромот го праша: „Изборите се за неколку дена, што мислите?“.

„О, човеку, тоа е големо прашање. Мислам дека никој нема да се изненади од тоа за кого ќе гласам“, рече Мел.

„Да погодам тоа ќе биде Трамп“, му кажал новинарот на Гибсон, додавајќи: „Дали е тоа лоша претпоставка?“, на што Гибсон одговорил: „Мислам дека тоа е прилично добра претпоставка“.


На прашањето како го гледа светот доколку Трамп го добие втор мандат, Гибсон додаде дека знае како ќе изгледа доколку победи Харис, потенцирајќи дека тоа не би било добро.

Таа има коефициент на интелигенција како ограда“, рече тој, додавајќи дека за нејзините предлози и политика не вреди да се зборува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг