Никол Кидман за снимањето на еротски филм: „Моравме да го прекинеме снимањето, повеќе не сакав да доживувам оргазам“

Точка

24/10/2024

21:28

7.459

Големина на фонт

а а а

Актерката Никол Кидман ја има главната улога во филмот „Малечка“ (Babygirl) кој во американските кина ќе се појави на 25 декември, а за истиот филм ја доби и наградата за најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Венеција.

Сега таа се присети на снимањето на филмот и рече дека била „толку возбудена за време на снимањето на еротските сцени“ што морале да прекинат со снимањето.

Во филмот, Никол глуми моќен извршен директор кој започнува афера со помлад практикант, а во интервју за „Сан“, таа откри дека изведувањето сцени со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, честопати и било премногу.


„Имаше огромна количина на споделување и доверба, а потоа и фрустрација. Беше како ‘Не ме допирај’. Во некои моменти од снимањето помислив дека повеќе не сакам да доживувам оргазам. Не ми се приближувај. Мразам да го правам ова. Не ми е грижа дали некогаш повторно ќе ме допрат во животот. Доста ми е. Тоа беше присутно цело време, па чувствував како ‘прегорување’“, рекла Кидман..

Режисерката на филмот, Халина Рејн, инспирација за филмот ја добила од филмот „Основен инстинкт“ во кој главните улоги ги играат Шерон Стоун и Мајкл Даглас, а инспирирана е и од приказната за жена која „никогаш не доживеала сексуално задоволство“ во текот на 25 години на бракот. Никол била привлечена од филмот бидејќи никогаш не се сретнала со таква улога во текот на нејзината кариера.

Иако сцените беа прилично интимни, а понекогаш и премногу за Никол, актерката верува дека успеала да ги сними бидејќи филмот имал жена режисерка. Покрај тоа, актерите имаа можност да работат и со координаторот на интимните сцени.


„Сакав да бидам дел од таа приказна, сакав да ја раскажам таа приказна и секој дел од мене беше посветен на неа. Сите се грижевме многу. Бевме многу нежни еден со друг и си помагавме”, додала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг