Сопругата на Тони Михајловски со објава која никого не остава рамнодушен: „По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна заради себе, а уште повеќе за тоа мало детуле од 8 годинки“

Точка

24/10/2024

15:38

39.787

Големина на фонт

а а а

Месец октомври е меѓународен месец за подигање на свеста за ракот на дојката. По овој повод, се прават разни кампањи, панели и дебати – сè со цел секоја жена да биде повеќе информирана и едуцирана и стапката на оваа болест да почне да се намалува.

На оваа тема говорат и многу познати личности, личности од нашето секојдневие, наши познанички, жени, мајки, коишто се соочиле со оваа борба – и не се предаваат.

Една од тие жени борци, која храбро и без „влакна на јазикот“ зборуваше за нејзината лична борба во текот на лекувањето, се огласи и сега.


Имено, Александра Јорева Михајловски – сопругата на актерот Тони Михајловски, по пет години од нејзината дијагноза рак, со емотивна објава се огласи на Инстаграм.

Во неа пишува за прегледите и долгиот пат низ кој минувала во процесот на лекување.

Ви ја пренесуваме во целост:

„5 години од дијагноза канцер.

5 години поминати со нов животен предизвик.

5 години со искачени мноогу скали испешачени многу километри.

5 години во грч и паника на секои 6 месеци.

5 години адаптација на новиот живот, учење да се прифатиш себеси таков каков што си моментално, затоа што секој саат носи нова промена, секој ден си нова верзија од себе. Некогаш успешно некогаш не. Некогаш успевав да се сакам себеси, некогаш не. Некогаш се гледав во огледало, некогаш не.

Само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна заради себе, а уште повеќе за тоа мало детуле од 8 годинки за кое мислев дека ќе успеам да ја ублажам информацијата што е тоа што се случува со мама, но се излажав нормално – сè му беше јасно.

Во овој период доаѓаа и си одеа луѓе, влези излези, и тоа е супер, сам дошол сам си оди, но едно е сигурно вистинските се секогаш тука. Многу или малце не е битно, важно е дека се и тие силни, затоа и се тука присутни.


Во периодов заедно со мене и на секој повик и прашање добивав одговори од мојот Митко Ивановски, докториште, човек без кој ни очи не сакав да затворам во сала без да го видам пред мене.

Дева Петрова – смирувачкиот глас во хаосот, Милан Ристески кој кога ќе почне да ти објаснува ќе те тресне од земја за на крај да се издишеш со позитивна насмевка на лицето …

Билјана Огненоска жена која 24/7 е достапна за сè ама буквално за сè (контроли, испитувања, објаснувања), лик којшто знае како треба со онколошки пациенти. Биле треба да те клонираме.

Наташа Чокревска ангел.

Тања и Кико од центарот за ревитализација.

Е, сега, доста е за медицинскиве лица, да се префрлам на нас.


Ана, Марија, Бети, Вики, Билјана, Тања, Љупка, Маја, Јасмината моја, Стефи, Лиса и сигурно некој заборавам во моментов на измешани емоции, битно нè има – фино племенце сме.

Со верба во бога и мојот отец Михаил Таневски, единствениот од кого учам како се гази по скалите на животот полн со предизвици.

Семејството, љубовта и жртвата, а и силата на Тони и Максим.


Бато Алек за присутноста каде и да треба по светов, Ангела фала што ни го пушти да биде со нас, наместо со вас во еден период од растењето на Матео.

И на крај, едно најголемо благодарам за себе!“




Спонзорирани линкови

Маркетинг