[ФОТО] „Кошин“ споделија љубов со публиката: Магична, интимна атмосфера, која Скопје ќе ја памети

Точка

27/10/2024

12:24

575

Големина на фонт

а а а

Минатата недела, на 18 октомври, во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) концерт одржа легендарниот електро состав „Кошин“. Бендот во рамките на офф-програмата на „Таксират“ фестивал ја одбележа својата 25-годишнина.

Скопјани сведочеа на спектакуларен настан, кој ја разбуди носталгијата и сеќавањата на едни минати времиња.

Електронската музика во комбинација со моќниот глас на Шиан Еванс, никого не оставија рамнодушен.


Еванс, енергична, насмеана, со почит и благодарност кон македонската публика направи ноќ за паметење.

Во денсинг салата на МКЦ се случуваше магија, интимна атмосфера и речиси три часа заборавање на секојдневието.

Присутните „беа“ во 90-тите, каде заедно со бендот гласно ги пееја незаборавните хитови од нивната младост „Are You Hungry“, „Catch Me“, „Recovery“, „In My Head“, „I am Addicted“ … и многу други.


Нивниот најголем хит „Hide U“ на крајот од концертот уште толку ја загреа и онака вжештената атмосфера.

Концертот беше феноменално изведен, од звук и продукција, па до сите финеси потребни за еден настан да звучи светски.

„Кошин“ само потврдија дека нашата публика е „жедна“ за вакви настани и со својата енергија и искрен пристап направија повторно да сакаме да имаме можност за една ваква средба.





Гостувањето на „Кошин“ беше организирано од „Пасворд Продукција“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг