[ФОТО] Северина отпатува во Португалија: Позираше во аутфит кој чини речиси 4.000 евра

Точка

26/10/2024

21:38

2.256

Големина на фонт

а а а

Хрватската пејачка Северина се пофали дека отпатувала во Португалија. Таа со своите следбеници на социјалните мрежи сподели серија фотографии од Лисабон, а на некои од нив позира покрај знаменитостите на впечатлив начин.

Имено, Северина за прошетка во главниот град на Португалија носела шарен комплет од луксузниот бренд „Долче и Габана“. Горниот и долниот дел од комплетот се продаваат одделно. Како што може да се види, во онлајн продавниците кошулата со необичен принт се продава за 1.950 евра, а исто чинат и панталоните.


Инаку, објавата собра повеќе од 19.000 лајкови за неколку часа. Пејачката не откри со е на патувањето, но следбениците ѝ порачале да ужива.




Спонзорирани линкови

Маркетинг