Моќното овошје: Ја лекува подуеноста и запекот, го зајакнува имунитетот, а одлично е и за мозокот

Точка

22/10/2024

19:51

919

Големина на фонт

а а а

Мушмулите се берат во доцната есен, и се јадат кога ќе станат меки и кашести.

Тие ги лекуваат дигестивните и менструалните проблеми, гасови, го зајакнуваат имунитетот, помагаат за здравјето и виталноста на мозокот, одлични се за цревни инфекции и воспаленија, а сето ова се само дел од придобивките од мушмулата („мespilus germanica“), моќното есенско овошје од семејството „rosaceae“, на кое припаѓа ѝ јаболката, крушите и дуњите. Меѓутоа, за разлика од нив, мушмулите се берат во доцна есен и се консумираат само кога плодот ќе стане мек и кашест. Нивниот сладок и малку кисел вкус е одличен за подготовка на разни нешта како мармаладот, колачите, па дури и ликерот.


Плодот од мушмула е богат со есенцијални хранливи материи, вклучувајќи ги витамините Ц и Б, а содржи и каротин и минерали како што се калциум, калиум, магнезиум, железо, натриум и фосфор. Тие се исто така богат извор на аминокиселини, танин, шеќер, пектин и органски киселини. Овошјето содржи фенолни соединенија, флавоноли и аскорбинска киселина кои делуваат како моќни природни антиоксиданти.

Здравствени придобивки од консумирањето на мушмули

Богати се со антиоксиданти: Плодот од мушмула е богат со полифенолни соединенија, особено фенолни киселини, кои нудат силни антиоксидантни својства. Храната збогатена со овие соединенија е поврзана со намален ризик од хронични состојби како што се атеросклероза и дијабетес.


Содржат противвоспалителни и антибактериски својства: Мушмулите содржат галска киселина, полифенол познат по своите противвоспалителни ефекти, кој може да помогне да се намали складирањето на маснотии кај дебелите лица. Исто така, нивните антибактериски својства можат да делуваат на бактериите поврзани со храната, а оваа студија ја истакнува нивната потенцијална корист во индустријата за конзервирање храна.

Тие се пријател на имунитетот: Минералите, како што се калциумот, калиумот, магнезиумот и железото, кои ги има во изобилство во мушмулата го поддржуваат здравјето на имунитетот. Витаминот Ц содржан во мушмулите исто така ги прави ефикасни во превенција и третман на состојби како што е скорбут.


Го поддржуваат здравјето на цревата: Високата содржина на пектин во локвата го поттикнува здравјето на дигестивниот систем со намалување на нивото на холестерол, спречување на запекот и стимулирањето на активноста на дебелото црево. Антивоспалителните ефекти на ова моќно овошје дополнително го поддржуваат здравиот дигестивен систем.

Делуваат позитивно врз нивото на шеќер во крвта: Полифенолите во мушмулите, вклучително и фенолните киселини и флавоноидите, можат да помогнат во инхибирањето на ензимите како „α-глукозидаза“ и „α-амилаза“, кои играат важна улога во метаболизмот на јаглени хидрати. Сето ова го прави ова мало овошје слично на мали круши, потенцијално корисно за регулирање на нивото на шеќер во крвта.


Можат да ги спречат невродегенеративните заболувања: Иако се спроведени врз животните, истражувањата покажуваат дека високата содржина на флавоноиди во мушмулата можат да делуваат заштитнички против губењето на меморијата и оштетувањето на невроните. Затоа, консумирањето на мушмула може да биде корисно за превенција на невродегенеративни состојби како што е Алцхајмеровата болест. Меѓутоа, за да се потврди точноста, потребни се дополнителни истражувања кои ќе бидат спроведени врз луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг