[ФОТО/ВИДЕО] Џаст рум инаф (Just Room Enough Island): Најмалиот населен остров на светот кој има место за само една соба

Точка

22/10/2024

20:52

341

Големина на фонт

а а а

Во Гинисовата книга на рекорди, најмалиот остров на светот порано беше Бишоп Рок, неверојатно осамен светилник на англискиот остров Сили. Но, светилникот беше автоматизиран во 1982 година, така што Бишоп Рок повеќе не е населен. Па, каде е најмалиот населен остров во светот?

Најверојатниот барател на Гинисов рекорд е соодветно именуваниот остров Џаст рум инаф (од англискиот: „Just Room Enough Island“, што значи: „Остров доволен за една соба“), кој се наоѓа во архипелагот Илјада Острови на територијата на САД. Тоа е еден од 1800 острови на реката Сен Лорен која ги дели Њујорк и Онтарио.


Во педесеттите години на минатиот век, островот го купило семејството Сајзленд, кое потоа тука изградило куќа и му до дало името Џаст рум инаф, од очигледни причини.

Но, планот на семејството Сајзленд да го користат островот за викенд-бегство се покажа како лоша идеа. Нивната викендица на островот бргу стана популарна атракција меѓу туристите.

„Вашингтон пост“ истакна дека посетата на островот остава малку простор за грешка.

„Еден погрешен чекор и ќе мора да пливате“, велат тие.


Со нивото на реката, како што се гледа на „Гугл мапс“, островот има површина од околу 3.300 квадратни стапки, односно една тринаесетина акр. Тоа го прави половина од големината на Бишоп Рок при ниска плима. Дури и пред британскиот светилник да се збогува со својот последен чувар, островот Џаст рум инаф веројатно бил најмалку населениот остров во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг