Го учи организмот да го препознае нападот: Дали вакцината против ракот на јајчниците ќе помогне да се искорени оваа подмолна болест?

Точка

21/10/2024

17:44

1.136

Големина на фонт

а а а

Научниците кои во Велика Британија работат на создавањето на првата вакцина против рак на јајчниците во светот се надеваат дека таа би можела да помогне во искоренувањето на оваа лоша болест.

Оваа вакцина може да делува на сличен начин како вакцината против хуманиот папилома вирус (ХПВ), објави неодамна „Скај њус“. Вакцината наречена ОварианВакс (OvarianVax) го учи имунолошкиот систем да препознае напад врз организмот во најраните фази на ракот на јајници.


На развојот на вакцината работат научниците од Универзитетот во Оксфорд. Истражувачите допрва треба да утврдат кои протеини на површината на клетките на ракот на јајниците во раната фаза на имунолошкиот систем најдобро ги препознава и како вакцината може ефективно да ги уништи. По тие испитувања и тестови во лабораторија, тие ќе можат да преминат на клинички испитувања на луѓе кои имаат мутација на генот BRCA која драстично го зголемува ризикот од добивање рак на јајниците, како и на здравите жени.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг