Најдобриот сопруг во Холивуд: Кога ја запознал била самохрана мајка, нејзината ќерка ја одгледал како свое дете и вели дека никогаш не би ја изневерил сопругата

Точка

17/10/2024

23:15

3.550

Големина на фонт

а а а

Тој е инспиративен со своите улоги, но и со својот живот стил, поради вредностите кои ги поддржува и титулата најдобар сопруг меѓу познатите мажи во Холивуд.

За почеток, Мет Дејмон (54) со Лусијана Баросо е во брак од 2005 година. Нивната брачна идила не ја наруши ниту еден скандал, што не е лесно со оглед на неговата кариера и медиумското внимание кое ги следи.

Мет Дејмон постојано е на мета на папараците кои вчера го сретнале додека со сопругата и ќерките Гиа и Изабела бил упатен во познат ресторан. Иако многумина мислат дека е невозможно да се има хармоничен брак во Холивуд, блескавиот пример на актерот и неговата партнерка е доказ дека тоа сепак е можна мисија.


Мет Дејмон, кој го предупреди Бен Афлек за врската со Џенифер Лопез, е еден од ретките актери кои најчесто се појавуваат во јавноста поради својата работа, па затоа е исклучок од холивудската практика. Работата му го донесе и познанството со Баросо.

Тој ја запознал својата сопруга Лусијана во кафуле во Мајами додека работел на комедијата „Stuck On You“. „Не знам како инаку нашите патишта би се вкрстеа доколку тоа не се случеше, да не се случат сите тие работи“, изјавил актерот и режисер во 2011 година во шоуто на Елен Деџенерис, пишува „thethings.com“.


Тој филм требало да се снима на Хаваи, но режисерите сепак одлучиле да се снима во Мајами. За среќа на познатиот пар. „Потоа една вечер, среде снимањето, неколку момци од екипата рекоа: ’Еј, ајде да одиме на пијачка.‘ Јас реков: ’Не, не сум баш за тоа‘ им одговорив, но некако успеаја да ме одвлечкаат со себе“, открил тој. Отишле во кафулето каде Лусијана работела како шанкерка.

„Буквално ја забележав само неа во преполната соба“, се присетил Дејмон, додека Лусијана изјави за „Vogue“ дека има малку поинаква верзија на средбата: „Мет вели дека ме видел од другата страна на собата и дека имало светло на мене. На што јас велам: ’Да, тоа беше ноќен клуб, светлата беа насекаде‘“.

„Луѓето го препознаа, му бараа автограм и да се фотографираат со него, ситуацијата стана некако агресивна бидејќи луѓето пиеја, па дојде и се скри зад мојот шанк … ’Те видов и многу сакав да разговарам со тебе‘ – ми рече тогаш“, раскажала таа.


Лусијана му рекла дека доколку се врати во барот таа вечер, ќе мора да ѝ помогне во работата. „Години пред тоа се подготвуваше да биде шанкер, па почна да прави пијалаци. И ни заработи огромен бакшиш таа вечер“, раскажала таа и продолжила: „Дефинитивно се поврзавме веднаш, беше толку лесно да се разговара со него, ни беше многу пријатно, а кон крајот на вечерта ме замоли да излеземе со неговите пријатели. Но, реков: ’Не можам, имам четиригодишна ќерка‘“.

„Сакам што си мајка и тоа ти е приоритет“

За жал, има мажи на кои оваа реченица би им била пречка за врска, но Дејмон и тогаш покажал дека не е како останатите.


Лусијана била самохрана мајка, а Дејмон ѝ рекол: „Сакам што си мајка и тоа е твој приоритет“. Таа вака го коментирала неговиот гест: „Некои мажи можеби беа поинакви, можеби мислеа дека тоа е комплицирано, но за него не беше“. Нејзината ќерка Алексија Баросо (24) ја одгледал како свое дете. Со сопругата подоцна добиле три ќерки Изабела (18), Џиа (15) и Стела (13).

„Јас сум обичен средовечен човек“

Неговиот брак со Лусијана Баросо, жена надвор од светот на шоу-бизнисот, му даде шанса да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Тој не дава причина да се пишува негативно за својот брак, бидејќи не прави ништо за да биде „интересен“ на тој начин.


Тој бил категоричен: „Не долевам масло на огнот, не ја изневерувам сопругата, не постои било што лошо за што би се зборувало. А доколку новинарите ме следеа, ќе ја добиеја истата приказна, приказна за еден средовечен оженет маж со четири деца Сè додека не им подготвам нешто ново, медиумите нема да покажат интерес за мене“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг