Подобрете ја крвната слика со овие 10 намирници: Силно делуваат против анемија

Точка

16/10/2024

11:12

4.850

Големина на фонт

а а а

Чувството на постојана слабост и замор,може да укажува на различни здравствени состојби, така што овие симптоми не треба да игнорираат. Прв и најдобар чекор е консултација со лекар, кој може да препорача анализа на крвта, и евентуално понатамошно лекување.


Меѓутоа кога станува збор за лабораториски наоди, наведените симптоми често укажуваат на недостаток на железо во организмот. Во зависност од степенот на недостаток, лекарот може да ги препише соодветните лекови, а дополнително, внесувањето на храна богата со хранливи материи во исхраната природно може да ја подобри крвната слика.

Консумирањето на следните намирници ќе помогне во зголемувањето на нивото на хемоглобин, зголемувањето на производството на црвени крвни зрнца подобрувањето на циркулацијата.

Спанаќ – тој е одличен извор на хранливи материи, вклучувајќи железо, фолна киселина и витамин Б12.


Железото е неопходно за производство на хемоглобин, кој носи кислород во крвта, додека фолатите и витаминот Б12 го поддржуваат формирањето на црвените крвни зрнца. Покрај тоа, спанаќот содржи витамин А и каротеноидни пигменти лутеин и зеаксантин, а овие супстанции играат важна улога во заштитата на очите од оштетување предизвикано од изложување на сонце и промени во окото предизвикани од стареење.

Цвекла – таа е богата со железо, фолна киселина и антиоксиданти како што е бетанин. Овој зеленчук не само што помага да се зголеми производството на црвени крвни зрнца, туку и ја подобрува циркулацијата на крвта.


Една студија заклучи дека цвеклото е одговорно за зголемена брзина, одложен замор и кардиореспираторна издржливост за време на вежбањето. Нитратите, кои се претвораат во азотен оксид, би можеле да придонесат за ова, што го зголемува протокот и испораката на кислород до ткивата, што конечно му овозможува на телото ефикасно да спортува. Покрај тоа, цвеклото помага и во закрепнувањето по интензивно вежбање поради антиоксидантите што ги содржи.

Калинка – таа е позната по високото количество на антиоксиданти кои ги содржи и семките богати со железо, така што го стимулира производството на хемоглобин и може да помогне во превенција на анемија.


Исто така содржи и витамин Ц, којшто ја поодбрува апсорпцијата на железото. Калинката може да се додава во салати, овесни каши, да се консумира како ужина или да се прави сок од неа.

Мешунките како што се гравот, леќата и наутот се исто така одличен извор на железо, фолати и протеини. Овие хранливи состојки се неопходни за производство на црвени крвни зрнца и одржување на здраво ниво на крвта.


Црн дроб – тој е неверојатно богат со железо, витамин Б12 и други важни хранливи материи, а меѓу нив се издвојува свинскиот црн дроб. Оваа храна е корисна за луѓе со анемија предизвикана од дефицит на железо.

Немрсното црвено месо -  како што е говедското месо, е уште еден добар извор на хем железото, кое полесно се апсорбира од телото во споредба со гореспоменатото нехем железо кое се наоѓа во растителната храна. Умереното консумирање на парчиња црвено месо може да помогне во одржување на соодветно ниво на железо.

Јајца – тие се богати со железо и витамин Б12 и го поддржуваат производството на црвени крвни зрнца.


Железото од жолчката, како и железото од месото, имаат висока биорасположливост и затоа се препорачуваат за групи со ризик од дефицит на железо.

Црно чоколадо – покрај тоа што е вкусно може да придонесе и кон подобра крвна слика.Со повеќе од 80 отсто какао, ова чоколадо содржи многу железо, витамин К, магнезиум, фосфор, калиум, цинк, бакар и манган, и претставува еден од најдобрите извори на антиоксиданти како што се флавоноиди кои го поддржуваат протокот на крвта и циркулацијата.

И покрај тоа што оревите, бадемите и семките од тиква не се најбогати со железо, тие се скапоцен додаток на исхраната поради многуте други здравствени предности.


Комбинирајте ги со друга храна богата со железо и витамин Ц за да ја оптимизирате исхраната и да го одржите здравјето.

Покрај споменатите житарки, лебот и другите житни производи, збогатени се со железо, витамин Б12 и други есенцијални нутриенти кои заедно можат да придонесат кон оптимално здравје на крвта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг