Скандинавската диета е една од најздравите: Нивната исхрана се базира на 5 намирници кои Викинзите ги јаделе

Точка

22/10/2024

10:21

2.144

Големина на фонт

а а а

Викинзите имале здраво срце и добар крвен притисок, а вака се хранеле

Нордиската диета се смета за една од најдобрите, бидејќи освен што гарантира витка линија, го зачувува здравјето на срцето и ја подобрува целокупната состојба на телото.

Тајната е во 5-те основни намирници на кои се базира скандинавската кујна, а кои ги претпочитале и древните Викинзи.

Старите воини од север се одликувале со силно срце и тело, а докажано е дека Скандинавците кои се хранат на овој начин имаат одличен крвен притисок.

Викинзите им ги оставиле на северните народи следната храна како рецепт за добро здравје и витка линија:


1. Харинга

Задолжителна на менито на секој Скандинавец е рибата харинга. Покрај одличниот вкус, харингата е и добар извор на витамин Д, кој штити од рак, фрактури на коските, дијабетес, срцеви заболувања, па дури и од депресија и анксиозност.


2. Овошје како зачин

Древните Викинзи додавале овошје во нивните солени и кисели јадења. Тоа го направиле за да го подобрат вкусот на храната, а истражувањата подоцна докажале дека се работи за одлична комбинација која ги разградува мастите во устата и го подобрува варењето.


3. Месо

Познато е дека Скандинавците јадат многу месо за да добијат доволно протеини. Со месото не јадат компири како нас, туку зеленчук богат со влакна, што го олеснува варењето.


4. Јајца

Пржените јајца биле вистинско уживање за древните Викинзи. Излегува дека тие се всушност хит бидејќи јајцата се една од најдобрите намирници кога станува збор за внесот на протеини кои ќе ви обезбедат енергија, а на долг рок и добро здравје и витка линија.


5. Што помалку леб

Ако сакате да бидете здрави и силни како Викинзите, заборавете на неограничени количини леб и вкусни сендвичи со 200 грама месни производи и сирење. Тенок слој паштета од туна врз интегрален леб, парче пржено или печено говедско месо и лист зелена салата се повеќе од доволни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг