[ФОТО/ВИДЕО] Многумина сакаат да влезат во него, но не можат: Градот на Европската унија лоциран во Африка

Точка

17/10/2024

14:58

1.967

Големина на фонт

а а а

Градот Мелиља е шпанска енклава којашто се протега на околу 12 километри квадратни долж брегот на Средоземното море, а потполно е окружена од Мароко.

И покрај тоа што се наоѓа на африканскиот континент, градот е дел од Европската унија, а заедно со Сеута тоа се единствените две територии на ЕУ во Африка.


Денес Мелиља има автономен статус, а во него можат да се забележат влијанија на различни култури, од старите Феничанци преку Византијците до Визиготите. Има преубав историски центар – Мелиља Ла Веља, којшто е окружен со величествени ѕидини но и бројни неверојатно убави плажи. Меѓутоа ретки се оние кои градот го посетиле во улога на туристи.


Поради својот специфична географска положба честопати е мета на мигрантите кои илегално сакаат да влезат во ЕУ, а поради оваа причина поставени се високи огради на границата помеѓу Мароко и Мелиља.


Сепак, оградите не можат да ги спречат очајните обиди на очајните луѓе кои бараат шанса за нов почеток, дури и по цена на губење на сопствениот живот.


Како изгледа животот во Мелиља провери екипата на „Јутјуб“ каналот „Yes Theory“, којашто помина 50 часа во овој невообичаен европски град на африканскиот континент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг