Совети од психолог: Како да ја спречите сезонската депресија и кои симптоми укажуваат на тоа?

Точка

13/09/2024

11:28

2.826

Големина на фонт

а а а

Сезонската депресија, позната и како сезонско афективно растројство, е вид на депресија предизвикана од промената на годишните времиња и најчесто започнува кон крајот на летото

Препознатливи симптоми се чувството на тага, недостаток на енергија, губење интерес за вообичаените активности, прекумерно спиење и зголемување на телесната тежина. Третманите за овој тип депресија вклучуваат светлосна терапија, разговорна терапија и антидепресиви, пишува „Е-клиника“.


Сезонското афективно растројство или сезонската депресија се влошува во доцна есен или рана зима и завршува со првите сончеви денови од пролетта. Луѓето можат да доживеат и поблага верзија на сезонско афективно нарушување познато како „зимски блуз“. Експертите велат дека е нормално да се чувствувате малку опуштено за време на постудените месеци, главно поради тоа што поминуваме многу време во затворен простор, но и поради тоа што рано се стемнува.

Сепак, сезонското афективно растројство е малку посериозно бидејќи е форма на депресија. За разлика од „зимскиот блуз“, сезонската депресија влијае на вашиот секојдневен живот, вклучувајќи го и тоа како се чувствуваме и размислуваме. За среќа, третманот може да ни помогне да го пребродиме овој предизвикувачки период.

Колку е честа сезонската депресија?

Според проценките, околу 10 проценти од возрасните се справуваат со сезонско афективно растројство. Психолозите известуваат дека сезонската депресија обично започнува во младата зрелост, обично помеѓу 18 и 30 години) и повеќе ги погодува жените отколку мажите, иако сè уште не е познато зошто е тоа така.

Американската психијатриска асоцијација официјално го класифицира сезонското афективно растројство како големо депресивно нарушување со сезонски обрасци. Значи, ако имате сезонско афективно растројство, може да почувствувате промени во расположението и симптоми на депресија, како што се:


• Тага, чувство на депресија поголемиот дел од денот, речиси секој ден;

• Анксиозност;

• Желба за јаглени хидрати и зголемување на телесната тежина;

• Екстремен замор и недостаток на енергија;

• Чувство на безнадежност или безвредност;

• Проблеми со концентрацијата;

• Чувство на вознемиреност;

• Чувство на тежина во екстремитетите (рацете и нозете);

• Губење на интерес за вообичаено пријатни активности;

• Проблеми со спиењето;

• Мисли за смрт или самоубиство.

Како што летото почнува да „бледне“ и полека нè воведува во есен, веќе со првите дождливи денови многу луѓе забележуваат благ облик на сезонска промена во однесувањето. За да не западнеме во вителот на сезонско афективно растројство, психолозите советуваат дека треба да примениме 4 техники кои ќе не спасат од сезонска депресија:

Добар сон

Пред промена на годишните времиња, обидете се да го регулирате распоредот за спиење, бидејќи и ова може да влијае на ризикот од депресија.

Спиењето и менталното здравје се во реципрочна врска, а експертите за нарушувања на спиењето велат – спиењето влијае на нашето ментално здравје, а менталното здравје влијае на нашиот сон.

Користете го секој момент да бидете на сонце

Обидете се да ја „фатите“ сончевата светлина уште од раните утрински часови со тоа што ќе станете на време. Исто така, се препорачува да поминувате што повеќе време во природа, бидејќи излегувањето надвор е клучно, без разлика дали е сончево или облачно. Дури и 20-минутната прошетка може да направи чуда за нашето здравје.


Ако ова ви е предизвик и сте склони кон сезонска депресија, експертите советуваат дека и светлосната терапија може многу да помогне бидејќи предизвикува реакции во мозокот слични на оние што ги предизвикува сончевата светлина.

Социјален живот

Дружењето може да помогне и во врска со симптомите на сезонска депресија, така што планирањето дружба со пријателите не може да наштети.

Иако често ни е попривлечно да останеме дома кога надвор е студено, интеракцијата со луѓето и одржувањето социјални врски навистина може да помогне, истакнуваат психолозите. Ако немате многу пријатели, тогаш зачленете се во некој клуб со групни активности.


Квалитетна храна

Како и другите форми на депресија, сезонската депресија може да се влоши со храна богата со шеќер, масти, преработена или пржена храна. Затоа се советува да се консумира многу свежо овошје и зеленчук и редовно вежбање како начини за намалување на шансите за развој на сезонско афективно нарушување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг