Моделот и инфлуенсерка од „TikTok“, Вера Дајкманс, ја претвори својата потрага по партнер во вистински општествен експеримент. Наместо класични состаноци или користење апликации за запознавање, Вера осмисли интернет-прашалник наменет за потенцијални момчиња, надевајќи се дека меѓу нив ќе го пронајде љубовниот партнер од своите соништа.
На своите следбеници на „TikTok“ им побара помош во потрагата, а идејата брзо стана вирална и привлече внимание низ целиот интернет.
Прашалникот што го креирала содржи низа лични прашања — од секојдневни навики и семејна состојба, до детали за претходни врски.
Кандидатите, меѓу другото, одговараат на тоа дали сè уште живеат со родителите, дали се во контакт со поранешни партнерки, дали имаат автомобил и дали планираат деца.
Вирален успех за 24 часа
Од моментот на објавувањето, формуларот на Вера предизвика огромен интерес. Видеото е прегледано повеќе од 47.000 пати, а во само 24 часа се пријавиле околу 3.000 мажи.
„Луѓето мислат дека е чудно, но за мене функционира“, вели Вера, која моментално живее во Лондон.
Високи критериуми и јасни очекувања
Вера објаснува дека зад нејзиниот необичен пристап стои практична причина:
„Тешко е да се најде сродна душа, затоа сакав веднаш да проверам кој е вистински кандидат и со кого би можела да се сложувам. Мојот инбокс е преполн со пораки од потенцијални кандидати — тешко ми е сите да ги избројам, но би рекла дека добив околу 3.000 пријави во првите 24 часа. А пријавите сè уште пристигнуваат“, открива таа.
Иако никогаш не била во долга врска, Вера нагласува дека нема намера да ги спушти своите стандарди.
„Целиот живот сум сама, па сега конечно се чувствувам подготвена за врска. Сакам да се смирам и да бидам во сериозна релација. Но тој маж мора да биде духовит, да има добар музички вкус и стабилна заработка. Исто така, мора да биде верен — и да ги сака цртаните филмови“, изјави искрено популарната „TikTok“ ѕвезда.
Во време кога најголем дел од романтичните врски започнуваат преку апликации и социјални мрежи, пристапот на Вера и не е толку необичен.
Она што навистина ја издвојува е нејзината искреност и транспарентност — квалитети кои, изгледа, многумина денес ги бараат повеќе од било кога.












