Вистински хорор на река во Индонезија — туристичкиот водич Херу за малку избегнал смрт кога питон долг шест метри го повлекол од чамецот и му се обвил околу вратот.
Херу, инаку искусен ловец на змии, ја забележал џиновската змија покрај брегот на реката на островот Борнео и се обидел да ја фати за главата. Во следниот момент, питонот го повлекол под водата, додека неговите ужаснати сопатници гледале од чамецот.
На видеото, кое ја замрзнува крвта во вените, се гледа како Херу излегува на површината и панично ја држи змијата за главата за да го спречи да го касне, додека питонот се обвиткува околу неговото тело и врат.

Екипата од чамецот, која првично се смеела, веднаш скокнала да помогне. Двајца мажи со мака успеале да го ослободат водичот — едниот ја држел главата на змијата, другиот опашката.
На крајот успеале да го фатат питонот, да се фотографираат со него, а потоа го вратиле назад во природата, неповреден.

Драматичната снимка може да ја погледнете ТУКА.
Сведокот на настанот, Мохамед Алиса, изјавил дека тоа бил „најголемиот и најсилниот питон што некогаш го виделе“ и додал дека нивното правило е никогаш да не повредуваат живи суштества.

Херу поминал без повреди, но оваа авантура сигурно ќе ја памети цел живот.
На островот Борнео живеат бројни видови питони, меѓу кои и мрежестиот питон – најдолгата змија во светот, која може да достигне и до 10 метри должина.

Овие змии не се отровни, но пленот го совладуваат така што го каснуваат и го задушуваат со обвиткување.
Познато е дека питоните можат да проголтаат и плен поголем од сопственото тело, вклучувајќи домашни животни, а во исклучително ретки случаи – и луѓе.
Во текот на сушниот период, кога им се нарушува природното живеалиште, тие често залутуваат во населени места и канализација, во потрага по храна.








