Поранешниот американски претседател Барак Обама повторно ја воодушеви јавноста со својата одмерена и духовита реакција на довикување од публиката за време на собир во Њуарк. Обама во саботата, на 1 ноември, ѝ даде поддршка на кандидатката за гувернерка на Њу Џерси, Мики Шерил, но неговиот говор накратко беше прекинат од една жена од публиката.
Шармантен одговор што ги насмеа сите
Додека Обама држел говор пред присутните, го прекинале повици од масата. Наместо да се збуни или изнервира, 44-от американски претседател смирено ѝ се обратил на жената што му довикувала.
„Ох, те сакам, но почекај. Те слушнав, девојко“, ѝ возвратил Обама. „Само смири се. Тука сум за да разговарам со сите, не само со тебе. Мислам – слатка си. Но, јас сум оженет. И Мишел е добро“.
Неговиот одговор предизвика смеа и одобрување кај присутните, а снимката брзо стана популарна на интернет.
„Одмерен, духовит и природен“
Многумина на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) го пофалија 64-годишниот Обама поради начинот на кој ја реши ситуацијата.
Еден корисник напишал: „Обама е одмерен, духовит и природен. Само тој може довикувањето да го претвори во момент што ќе ги насмее сите и ќе направи луѓето уште повеќе да го сакаат“.
Друг додал: „Барак Обама, никогаш не би можеле да ме натераат да те мразам“.










