[ВИДЕО] Водителката на Јавниот сервис не можела да престане да се смее среде Дневникот! Колегите во шок, видеото ги преплави социјалните мрежи

Точка

03/11/2025

14:39

4.943

Големина на фонт

а а а

Водителката на Хрватската радиотелевизија (ХРТ), Марта Шимиќ Мрзлечки, почнала неконтролирано да се смее среде вестите, а нејзиниот потег им го разубави денот на нејзините колеги и гледачи.

 Сè се случило за време на преминот кон временската прогноза, кога, се чини, во студиото имало некаква интерна шега.

„Ти благодарам, Миховил, за овие возбудливи спортски вести. Остани со нас уште малку. Исидора ни се придружува“, по што „прснала“ од смеа.

Нејзиниот колега на шега рекол: „Возбудлива прогноза“ и продолжил со програмата.

„Марта Кралицата“, „Честитки, така треба да биде“, „Ни треба малку домашна атмосфера“, „Легенда од Бјеловар“, „Фала му на Бога и вие можете да се смеете“, „Тие обично се напнати и не можам да верувам дека го доживеав ова“, се некои од коментарите на Тикток.


Краткиот излив на спонтаност ја изненади публиката, но ја покажа и човечката страна на телевизискиот бизнис, во кој, и покрај строгиот формат, понекогаш се случуваат непланирани моменти.

Водителката претходно во медиумски интервјуа споменала дека се обидува да го одржи веселиот дух на работа. Таа истакнала дека често се обидува да внесе малку добра енергија во редакцијата – понекогаш со песна, иако, како што самата признава, не е многу талентирана за пеење, па ситуацијата често се претвора во смеа.

Инаку, Марта Шимиќ Мрзлечки ја изградила својата професионална кариера на ХРТ, каде што работела како водителка на различни емисии, особено истакнувајќи се во „Добро утро, Хрватска“ и „Хрватска уживо“, каде што била и уредничка.

Од септември 2016 година го води пладневниот и централниот Дневник на ХРТ, менувајќи се со колегите Мирјана Посавац и Бранимир Фаркаш.

Во родната Питомача останала присутна преку водењето на музичкиот фестивал „Песни на Подравина и Подравље“.

За време на студиите го запознала фудбалерот Ален Мрзлечки, за кого се омажила во 2000 година. Парот има син по име Адам и живеат во Бјеловар.