Турист по 60 години го вратил черепот што го украл од катедралата „Свети Стефан“: Во писмото ја открил и причината

Точка

05/11/2025

14:16

674

Големина на фонт

а а а

Еден турист од Германија го вратил черепот што го украл пред цели шест децении од катедралата „Свети Стефан“ во Виена.

Мажот го земал черепот за време на туристичка тура со водич низ катакомбите под катедралата, каде се наоѓаат остатоци од околу 11.000 луѓе погребани во текот на 18 век.

Пратка со порака

Архивистот на катедралата „Свети Стефан“, Франц Цеxетнер, изјави дека черепот и писмото биле испратени во пакет, во кој човекот ги објаснил околностите и зошто по повеќе од половина век решил да го врати украденото.

„Сега, на крајот од мојот живот, сакам да се помирам со себеси“, стоело во писмото.

Цеxетнер изразил благодарност што човекот се решил на овој чекор:

„Откако ја разјаснивме ситуацијата, беше трогателно да видиме дека некој сака да ја исправи грешката од младоста“, рекол тој.

Го чувал внимателно

„Черепот го чувал внимателно сите овие години — иако тоа не било во согласност со правилата, сепак е подобро отколку да го фрлел“, додал Цеxетнер.

Сè уште не е јасно како туристот успеал незабележано да го изнесе черепот пред 60 години.

Предметот сега повторно е поставен во катакомбите, каде што и припаѓа – по долг пат на совеста што траел повеќе од половина век.