Кети Јанг има 86 години и половина живот носи корсет по 23 часа на ден. Ова нејзино „хоби“ доведе до најтенкиот струк на светот, поради што влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Кети е родена во 1937 година во САД, се омажила многу млада, на 22 години, во 1959 година, а корсет решила да носи дури откако родила три деца.
Повеќе од 20 години Кети го држеше Гинисовиот рекорд за најтенка половина на светот, а љубовта кон викторијанската мода ја доведе до овој потег. Носењето корсет по цел ден речиси 60 години значело дека таа не може да купува облека во бутици, туку мора да ја скрои.
„Ако сакате да изгледате автентично во викторијански фустан, мора да ја носите соодветната долна облека. Мојата цел никогаш не беше да бидам послаба. Тоа едноставно се случи со текот на времето“, рекла Кети, а пренесува "The Sun".
Her Passion for Victorian Fashion - Guinness world Records👑 Meet Cathie Jung, the Corset Queen whose passion for Victorian fashion and tightlacing got her record for the smallest waist (tightlacing)!
Posted by Guinness World Records on Tuesday 6 August 2024
Имено, нејзиниот струк првично бил со обем од 66 см, а со текот на времето се намалил на 53 см. Во една прилика истакнаla дека дури и спие во корсет за да не заборави случајно да го облече наутро.
Како што изјавила, се храни сосема нормално и не следи никакви диети, туку само избегнува храна која предизвикува надуеност.
Иако тврди дека носењето корсет по цел ден и секој ден не и влијаело на здравјето, таа признала дека малку и се поместиле внатрешните органи, но нејзиниот сопруг, кој исто така е хирург ортопед, тврди дека тоа нема да и наштети на нејзиното здравје во на долг рок.
„Ќе ми кажеше ако правам нешто што не е здраво“, нагласи Кети.
Сепак, лекарите ширум светот силно предупредуваат на претпазливост при носење корсет.
„Лекарите советуваат да бидете внимателни кога правите редукција на струкот и да не дозволите несакан притисок врз половината, бидејќи тоа го ограничува протокот на крв во вашите органи што може да биде многу опасно“, изјавија експертите на MiMed.com.