Кога мажот ќе остави жена која изгледа совршено во секој поглед, тоа може да предизвика уште поголема конфузија.
Зигмунд Фројд, познатиот психолог, имал неколку интересни идеи зошто тоа се случува.
Фројд објасни зошто мисли дека мажите ги напуштаат добрите жени.
Зигмунд Фројд бил австриски психијатар, познат како основач на психоаналитичката школа. Тој се смета за еден од највлијателните, но и најконтроверзните научници на 20 век.
Тој е главниот претставник на психоанализата. Според неговата теорија, човекот е несвесно суштество, без способност да донесува слободни одлуки. Главната идеја е дека човекот не може да носи рационални одлуки, бидејќи во повеќето случаи сите човечки избори се случуваат на несвесно ниво. Фројд веруваше дека голем дел од нашето однесување е водено од несвесни желби и конфликти — чувства и мисли за кои можеби не сме ни свесни, но кои сепак влијаат на нашите постапки.
Во контекст на врските, неговите теории даваат интересни објаснувања за тоа зошто мажите ги оставаат добрите жени. Три од најважните размислувања на Фројд за ова прашање се следниве:
1. „Кога парот ќе престане да се кара, тогаш љубовта ќе ја нема“
Отсуството на каков било конфликт може да доведе до застој во развојот на врската. Секако, умереноста е важна — здрава дискусија е добра, додека молчењето или прекумерните конфликти не се.
Секоја врска бара комуникација, способност за изразување ставови и конструктивна дискусија за решавање на проблемите. Ако партнерите не разговараат за прашањата што ги загрижуваат, тие само ќе се натрупуваат и ќе водат до поголеми проблеми.
2. „Човечка природа е да го цени и посакува пред сè она што не може да го постигне“
На почетокот на речиси секоја врска постои интрига и неизвесност. Штом таа ќе стане стабилна и предвидлива, интересот може да избледи, дури и ако партнерот е „совршен“. Фројд сметал дека луѓето по природа повеќе го ценат недостапното.
За да се одржи магијата, важно е врската да остане жива и интересна со нови заеднички искуства, спонтани акции и моменти на изненадување.
3. „Кој љуби многу жени тој познава жени, кој љуби една знае што е љубов“
Фројд нагласува дека љубовта е вистинската причина за трајна врска. Вистинската љубов ги поврзува луѓето со невидливи нишки, додека врските засновани на навика или обврски немаат истата сила.
Кога постои љубов, останувате поради желбата да го споделите животот со личноста што го прави поисполнет. Врската што се темели на љубов создава вистинска среќа, бидејќи партнерите стануваат дел еден од друг.