[ВИДЕО] „Брате, важно е ти да си згоден додека градот ни е во пламен“: Жителите на Лос Анџелес бесни на „патетичниот“ и „нарцисоидниот“ водител поради оваа причина!

Точка

11/01/2025

19:00

2.330

Големина на фонт

а а а

Водителот на ABC News, 51-годишниот Дејвид Муир е исмејуван на социјалните мрежи како „патетичен“ и „нарцисоиден“ затоа што користел штипка за да ја затегне својата огноотпорна јакна додека емитувал од местото на смртоносните шумски пожари во Лос Анџелес.

„Како што можете да видите овде зад мене…“, вели Муир додека се врти и покажува кон остатоците од пожарот зад него. Додека гледа зад него, на задната страна од јакната јасно се гледа дрвена штипка за алишта.

„Убава јакна, брат. Мило ми е што изгледаш убаво и витко со тие штипки за алишта додека нашиот град гори до темел“, напиша музичкиот продуцент Џек Озборн.

И други корисници коментираа – нарекувајќи го Муир – нарцисоиден.

„Покажува кои се неговите приоритети… тој е дефинитивно типот во теретана кој не може да престане да се гледа во огледало“, напишал еден корисник на X.

Некои најдоа и логично објаснување.

„Тоа е всушност паметно. Ветерот дува и не му ја виори јакната. Не ми се допаѓа премногу, но тоа е добар трик“, напишал еден корисник.

Во негова одбрана излегоа некои негови колеги водители – кои рекоа дека често „си помагаат“ со штипки кога снимаат на терен.