[ВИДЕО] Најсреќниот човек на светот: Единствениот преживеан од авионска несреќа, излетување на воз и серија сообраќајни несреќи, на крајот станал лото милионер

Точка

11/01/2025

18:32

2.300

Големина на фонт

а а а

Фране Селак, познат како „најсреќниот човек на светот“, бил професор по музика, роден на 14 јуни 1929 година во Дубровник.

Овој човек ја измамил смртта дури седум пати, преживеал несреќи во различни видови транспорт, вклучително и авионска несреќа.

Она што му се случило повеќе личи на филмско сценарио, кое е навистина неверојатно. Сепак, Селак еднаш за медиумите изјави дека реалноста е многу почудна од сѐ што може да понуди филмската индустрија.

Неговата серија неверојатни блиски средби започнала во 1962 година, кога возот со кој патувал излетал од шините и паднал во река. Селак преживеал, со скршеница на раката и хипотермија, додека 17 патници го загубиле животот.



Една година подоцна, за време на неговиот прв и единствен лет со авион, вратата од авионот се отворила на сред лет, а Селак испаднал од авионот и паднал на стог сено, благодарение на што преживеал. Авионот се урна и 19 лица загинаа. Сепак, нема официјални податоци за авионската несреќа во Хрватска во 1963 година што би ја потврдиле оваа приказна.

Во 1966 година, автобусот со кој патувал излетал од патот во река, при што загинале четворица патници. Селак успеал да исплива со неколку исеченици и модринки.

По овие настани, Селак доживеал уште неколку несреќи, меѓу кои: два автомобили кои се запалиле додека возел, автобуска несреќа во 1995 година во Загреб од која излегол со полесни повреди и инцидент во 1996 година, кога избегнал судир со камион на Обединетите нации. Во таа прилика, неговиот автомобил излетал од карпа, но тој излетал од возилото и се фатил за гранка, гледајќи како неговиот автомобил паѓа на 90 метри во пропаст.

По овие неверојатни настани, во 2003 година, два дена по неговиот 73 роденден, Селак на лотарија освоил околу 900.000 евра.

Во тоа време се оженил по петти пат. Иако купил две куќи и чамец, во 2010 година одлучил најголемиот дел од преостанатите пари да им ги подари на роднини и пријатели, избирајќи да живее скромен живот.

Сепак, мораме да забележиме дека ниту една од блиските средби на Селак никогаш не била независно потврдена, а понекогаш и неговите описи на тие настани биле неконзистентни.

Починал на 30 ноември 2016 година на 87-годишна возраст, а домашниот и странскиот печат пишуваа за него како најсреќниот човек на светот.