[ФОТО] Неверојатна локација: Ресторан на гребен кој ѕирка од океанот стана атракција на овој остров

Точка

14/01/2025

19:51

943

Големина на фонт

а а а

Во Занзибар, Танзанија, на источната страна на островот покрај плажата во близина на селото Мичамви Пингве, се наоѓа ресторан до кој можете да пешачите или не во зависност од плимата.

Ресторанот се наоѓа на гребен кој извира од Индискиот Океан, а бидејќи е блиску до плажата, при осека тој е споен со копното, додека за време на плима до него може да се стаса само со брод.


Ресторанот, едноставно наречен „The Rock“, беше отворен во 2011 година од двајца гурмани, Најџел Фирман и Андреа Брунети, кои имаат заедничка страст за уживање во добра храна. Така се родил ресторан со ненадминат амбиент, кој комбинира италијанска кујна, локални занзибарски состојки и јужноафрикански вина.

Во менито доминира свежата морска храна која секојдневно ја испорачуваат локалните рибари, а цел еден дел од менито е посветен на италијанските тестенини. И покрај креативните јадења и нивната презентација, цените кои се повеќе слични на оние во Италија отколку на оние во Танзанија се причина за критики од бројните посетители на овој ресторан.



Меѓутоа сите посетители, без исклучок, се восхитуваат на локацијата, глетката и посебното искуство со доаѓањето во ресторанот, а на оние на кои им е премногу да ја платат целата вечера (главните јадења чинат помеѓу 30 и 40 евра, а десертите околу 10 евра) можат да нарачаат коктели кои се нешто поевтини.


Внатрешноста на ресторанот е едноставна и уредена во традиционален стил, а просторот е многу поголем отколку што изгледа од брегот и на фотографиите. Има внатрешна трпезарија и три тераси. Резервацијата е задолжителна, а во ресторанот можете да останете до два часа.

Ресторанот „The Rock“ стана една од задолжителните атракции на Занзибар, привлекувајќи и локални и странски туристи, како со својата единствена локација и околина, така и со својата италијанско-занзибарска кујна и топлото гостопримство.


Рибата и морска плодови уловени на неколку метри од гребенот, зачините од локални фарми и пријателскиот „баркариол“ кој ве превезува од плажата до ресторан се дел од автентичното искуство.


Покрај храната и атмосферата во ресторанот, сопствениците се трудат да придонесат и за локалната заедница, па освен што вработуваат локалци започнуваат и разни едукативни и други иницијативи кои ќе овозможат подобар живот на населението.