Тиктокерката Сара Пери од Тексас сподели видео од необичното откритие кое го пронашла во продавница за користени производи. Имено таа таму забележала уметничка слика – масло на платно со неверојатни детали која ѝ го привлекла вниманието.
Сликата чинела само 8 долари или 7,80 евра, а кога подобро погледнала го забележала името на уметникот – „Echohawk“. Брумет Ехохок беше прославен индијански уметник, писател, херој од Втората светска војна и припадник на индијанското племе Пауни. Неговите слики се продаваат на аукциите за стотици, а понекогаш и илјадници долари.
Сликата покажува црвен камионет како вози низ снежна покривка. На задната страна на сликата пишува: „Дедо Мраз вози црвено-бел камионет“. Сликата допрва треба да се процени, а Пери моментално презема чекори да ја исчисти и зачува бидејќи има мувла на задната страна.
„Ти пронајде богатство“
Снимката од нејзиното откритие на Тикток е прегледана повеќе од половина милион пати и собра дури 20.000 лајкови. Пери ги запраша следбениците што треба да прави со сликата, а луѓето ги споделија своите размислувања и совети во коментарите.
„Процени ја вредноста, донирај ја, земи потврда од музејот и отпиши ја вредноста на својот данок“, „Ти пронајде богатство“, „Задржи ја сликата и продај ја за околу 50 години, кога вредноста ќе се зголеми“ ја советуваа следбениците.
Пари рече дека засега ќе ја задржи сликата и дека ѝ е многу мило што ја купила.