[ФОТО/ВИДЕО] Градот кој е најблиску до Вселената – се наоѓа на 5.100 м. надморска височина: Овде луѓето живеат само до 35 години, но еве зошто остануваат и не се селат – причината е тажна!

Точка

31/07/2024

15:42

5.786

Големина на фонт

а а а

Ла Ринконада е најнаселеното место во светот и тоа е градот кој е најблиску до Вселената. Се наоѓа на перуанските Анди на 5.100 метри надморска височина, а има 50 отсто помалку кислород, поради што е наречен „најпеколното место на светот“.

Во видеото што е прегледано повеќе од 50 милиони пати, Јутјуберот и режисер на документарни филмови Рухи Кенет покажа како изгледа животот во град над облаците и – тоа не е воопшто лесно (барем за странците).

Очекуваниот животен век е 35 години

Имено, на оваа екстремна висина атмосферата е значително поретка, поради што животниот век е 35 години. Локалното население живее со само 50 проценти од нормалното ниво на кислород. Сепак, нивните тела еволуирале за да произведуваат двојно повеќе крвни зрнца од другите.


„Во оваа пустелија ниту едно дрво не може да преживее поради малиот притисок. Овој град на перуанските Анди е дури 300 метри повисок од Монблан, највисокиот врв на европските Алпи. Далеку од современиот свет, тоа е место каде криминалот и опасноста се секогаш во близина“, објаснил Кенет.

Живот без струја и вода

Тој посочил дека му се слошило штом излегол од таксито, а кога се разбудил утрото почувствувал голем умор. Од сувиот воздух го болело грлото, а усните му испукале, а иако било лето, патиштата биле подмрзнати, а ѓубре се гледало низ целиот град.


Таму луѓето живеат во „метални бараки“ без струја, што е многу загрижувачко кога температурата во зима ќе падне до-10 степени. Тој, исто така, забележал дека повеќето луѓе користат јавни бањи и тушеви бидејќи немаат вода во нивните домови. Меѓутоа, постои добра причина зошто некои се согласуваат да живеат во толку тешки услови.


„Луѓето доаѓаат само поради една причина – злато“

„Луѓето доаѓаат во оваа сурова земја само поради една причина – злато. Овде, меѓу купиштата ѓубре, се населиле околу 50.000 луѓе, кои сонуваат за богатство“, објаснил тој.


Инаку, градот се наоѓа во близина на рудник за злато, а меѓу 2001 и 2009 година, кога цената на златото се зголемила за 235 отсто, населението се зголемило за 30.000 жители, пренесува Index.hr.




Спонзорирани линкови

Маркетинг