Го опцу по првата средба, го збуни народот со своето однесување за време на кампањата: Која е новата „прва дама“ на Велика Британија?

Точка

06/07/2024

16:00

4.935

Големина на фонт

а а а

Со оглед дека нема претседател, Велика Британија всушност нема ни прва дама, но оваа титула најчесто ја добиваат сопругите на премиерот, а вчера Велика Британија доби нова и дефинитивно необична прва дама.

Кир Стармер стана нов премиер на Велика Британија, откако неговата Лабуристичка партија убедливо победи на изборите, враќајќи се на власт по 14 години.


Тој денеска го одржа својот прв говор како премиер пред премиерската резиденција на Даунинг стрит 10, кога најави дека неговата Влада ќе им служи на сите, вклучително и на оние кои не гласале за лабуристите.

Со Стармер беше и неговата сопруга, која медиумите пишуваат дека станала „неволната прва дама“ со победата на нејзиниот сопруг на изборите.


Имено, таа била забележливо отсутна од неговата кампања и наводно не сакала нејзиниот сопруг да стане премиер.

Нејзиното отсуство од јавноста некои го сметаат за необично и за недостиг на поддршка бидејќи во кампањата со сопругот се појавила само на еден предизборен митинг и на концертот на Тејлор Свифт. Други велат дека тоа е освежувачко бидејќи политичарите често се во сенка на нивните партнери кои се борат да го подобрат нивниот имиџ.


Во секој случај, на лејди Викторија, како што ја нарекуваат британските медиуми, не и е гајле што зборуваат и мислат луѓето и наводно планира, иако нејзиниот сопруг стана еден од најмоќните луѓе на планетата, таа да го продолжи својот живот како и претходно.

Која е новата прва дама на Велика Британија?

Таа е родена како Викторија Александар во Лондон и толку многу се труди да не се разоткрие датумот на нејзинотот раѓање што не се знае дали е родена во 1973 или 1974 година. Нејзиниот татко Бернард бил економист роден во еврејско семејство кое пристигнало во Британија за време на Втората светска војна, а нејзината мајка Барбара била Англичанка, докторка и се преобратила во јудаизам за да се омажи. Покрај Викторија, семејството има и ќерка Џудит.

Се школувала во Лондон, а потоа на Универзитетот во Кардиф се стекнала со дипломи од областа на правото и социологијата, по што работела во компанија специјализирана за уличен криминал.


Меѓутоа, откако се омажи, работи во Британската национална здравствена служба (NHS), во областа на професионалното здравје, а медиумите пишуваат дека планира да продолжи да ја работи својата работа иако нејзиниот сопруг стана премиер.

Во однос на политичките ставови, Викторија ја поддржуваше Лабуристичката партија уште од нејзините студентски денови, а нејзиниот сопруг и истакнат адвокат Кир Стармер го запознала во раните 2000-ти. Според медиумите, по првиот разговор таа за Стармер рекла „Што се замислува овој дека е?“

Наводно, неговиот „грев“ бил што ја довел во прашање нејзината адвокатска работа, што ја налутило, но сепак собрал храброст и ја замолил да излезат на пијачка.

Со текот на времето се зближија, а се венчаа во 2007 година, три години по свршувачката. Двојката има две деца: син и ќерка, и двете се воспитани во духот на јудаизмот. Јавно не ги обелоденија имињата на нивните деца, ниту ги објавуваат нивните фотографии.


- Сакам да можат само да одат на училиште и да го водат својот живот - објасни неодамна Стармер, а извор близок до семејството вели дека тинејџерките се „преплашени од фактот што ќе живеат во Даунинг стрит и дека ќе бидат под лупа на јавноста“.

Колку што е познато, Лејди Викторија е вегетаријанец, а Стармерите ги одгледувале своите деца како вегетаријанци до нивната 10-та година, а потоа им била дадена можност да јадат месо ако сакаат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг