[ВИДЕО] Бред Пит во новиот филм „Wolfs“ пцуе на српски јазик, видеото стана хит на Балканот

Точка

02/10/2024

10:26

9.248

Големина на фонт

а а а

Актерот Бред Пит неодамна оствари улога во филмот „Wolfs“ во режија на Џон Вотс, а за една сцена искористил и една добро позната псовка на Балканот.

Имено, по излегувањето на филмот во кој главните улоги ги толкуваат Бред Пит и Џорџ Клуни на стриминг платформата „Apple TV+“, на Јутјуб се појави видео од сцена во која Пит изговара псовка.

За време на една сцена на танцување во свадбена сала, Клуни му се обраќа на Пит, кој на крајот изговара „П**ку материну“. Во истата сцена се појавува и хрватскиот актер Златко Буриќ, кој пред тоа и на двајцата им се обраќа со реченицата: „Оладете, да ви е*ам!“.

Хрватскиот актер Златко Буриќ во филмот игра руски мафијаш, па се претпоставува дека сценаристите всушност сакале псовка на руски јазик, но најверојатно згрешиле.

Филмот беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција оваа година, а на 27-ми септември беше објавен и на стриминг платформата „Apple TV+“.

Во филмот, Клуни глуми професионален криминалец чија задача е да прикрие злосторство од висок профил. Но, кога Пит, кој е ангажиран за истата работа, ќе се појави на местото на злосторството, двата „волци самотници“ мора да ги здружат силите.