[ФОТО] Во минатото беше најплатен актер и голем заводник, а денес непрепознатлив: Обожавателите загрижени – изгледа како да има 80 години

Точка

05/10/2024

17:29

6.995

Големина на фонт

а а а

Американската серија „CSI:Miami“ ги освојуваше срцата на публиката од 2002 до 2012 година, а американскиот актер Дејвид Карусо во улогата на Хорејшио Кејн стана синоним за овој криминалистички хит.

Актерот Дејвид Карусо се прослави со улогата во оваа серија, а толку добро глумеше детектив што стана еден од омилените телевизиски ликови во тоа време.


Неговиот впечатлив стил, елегантните костуми и препознатливата фризура и денес се паметат. Серијата „CSI:Miami“ уживаше голема популарност, а до крајот на нејзината десетта сезона, Дејвид Карусо заработуваше по 375.000 долари за една епизода, така што стана еден од најплатените актери.

По завршувањето на серијата која во 2012 беше откажана, поради опаѓањето на гледаноста, Дејвид Карусо се повлече од светот на актерството, а во последните години стана речиси непрепознатлив.


На социјалните мрежи се појавија негови нови фотографии кои ги шокираа обожавателите. Актер сега изгледа многу поинаку отколку кога го привлекуваше вниманието на публиката пред малите екрани.

Наместо беспрекорниот изглед, тој сега делува запоставено, со подолга коса која останува единствен потсетник на неговиот некогашен имиџ.


„Што му се случило нему?“, „Изгледа како да има 80 години“, беа само дел од коментарите под новите слики на Карусо.


Актерот во јавноста за последен пат беше забележан во 2017 година, откако претходно се откажа од актерството и отвори уметничка галерија но и таа набргу ја затвори, а подоцна отвори и продавница за облека во Мајами.


Дејвид Карусо денес има 68 години, живее мирен живот далеку од светлата на рефлекторите и гламурот кои некогаш беа негово секојдневие.