Силувана пред својот сопруг, а потоа напуштена: Актерката со најубава насмевка го прославува својот 67 роденден

Точка

30/09/2024

18:39

41.847

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Френ Дрешер го прославува својот шеесет и седми роденден. Таа е една од оние жени којашто успева да остане насмеана дури и кога се соочуваат со најтешки животни борби.


Френ Дрешер својата кариера ја започна во седумдесетите години од минатиот век. Нејзината посебна убавина и гласот веднаш привлекоа внимание, меѓутоа најголемо внимание привлече нејзиниот брак со Питер Марк Џејкобсон.


Иако на почетокот, се’ беше идилично, тие беа славни, успешни, моќни, и имаа навидум добар брак, меѓутоа за жал реалноста беше поинаква. По повеќе од 20 години поминати во брак со Френ, тој призна дека е бисексуалец.

Тие потоа се разведоа, но продолжија да имаат пријателски односи, а Џејкобсон и’ стана најдобар пријател на актерката, а покрај заедничкиот брак, нив двајца ги врзува и еден трауматичен настан којшто заедно го преживеаја.


Уште во 1985 година во нивниот дом влетале двајца мажи, коишто го врзале Џејкобсон и го принудиле да гледа како тие ја силуваат Френ и нејзината пријателка. По овој ужасен настан, Џејкобсон започнал да оди на психотерапија и тогаш сфатил дека тој е всушност бисексуалец.


И покрај тоа што веќе долго време не се заедно, двајцата секогаш тврдат дека тие се сродни души, а Френ никогаш не го осудувала Питер поради неговата „нова“ сексуалност.


И покрај траумата низ којашто поминала, Френ Дрешер продолжи да ја гради својата кариера, но секогаш и пречело тоа што поред нејзиното име секогаш пишувала „жртва на силување“, меѓутоа психотерапијата и’ помогнала барем малку да ја надмине траумата, и да ја сочува својата препознатлива насмевка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг