Познатата актерка го уништи семејството со инцест и го шокираше светот: Спиела со братучедот, му родила син и велеше дека тој е нејзината судбина

Точка

04/10/2024

21:36

6.472

Големина на фонт

а а а

Италијанско – австралиската актерка, Грета Скаки се вљубила во нејзиниот братучед, а во текот на нивната афера тие добиле син, што ја згрози јавност, а особено нејзиното семејство.

Оваа ситуација особено го погоди таткото на Грета Скаки, кој не можел да се помири со фактот дека неговата ќерка стапила во врска со синот на неговата сестра. Но, и покрај сите противења и бурни реакции, актерката се изборила за брак со Карло Мантегацо, а во 1997 година тие го добија синот Матео.


Грета целиот свој живот, се обидувала да стои подалеку од очите на јавноста, а во едно интервју и самата призна дека била ужасната кога разбрала дека чувствува нешто повеќе спрема Карло.

„Тоа се случи една вечер кога тој дојде кај мене и тоа беше целосен шок. Долго време бевме пријатели пред да се случи тоа и никогаш порано не го гледав на тој начин. Дефинитивно бев ужасната од тоа и се грижев како да им кажам на луѓето, односно пред сè на моето семејство“, изјави во една прилика Грета.

Во периодот од 1983 до 1989 година, Грета била во врска со музичарот Тим Фин, а подоцна и со актерот Винсент Д’Онофрио, со кој има и ќерка – Лејла Џорџ. Сепак, по две неуспешни врски, Грета се впушти во прегратките на неочекуван маж – нејзиниот братучед.


Според тврдењата, Винсент особено ја повредил, а наводно поради скршеното срце таа не можела да работи четири години по раскинувањето. На почетокот, нејзината врска со братучедот била строго чувана тајна. Толку многу го криеле својот однос од јавноста што долго време не се знаело дека по долгите години брак тие двајца и се развеле, но и дека на крајот останале во добри односи.

Денес, тие се разведени веќе 12 години, а наводно причината за крајот на оваа шокантна врска биле различните погледи на она што е важно во животот. Тој посакувал мирен и повлечен живот, а Грета ја привлекувале светлата на сцената и филмовите, па поради тоа се развеле.


„Имаат заедничко дете и останаа во добри односи. Едноставно не им беше судено да бидат заедно. Приватноста на Грета ѝ е многу важна и никогаш не и било пријатно да зборува за приватни работи“, вели извор близок до Грета.