Принцезата повторно бремена: Кралот Чарлс воодушевен

Точка

01/10/2024

20:31

18.558

Големина на фонт

а а а

Принцезата Беатрис е бремена по втор пат, соопшти Бакингемската палата, пренесува „The Sun“.


Таа и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели Моци, веќе имаат едно дете, сега се во исчекување на второто, кое треба да се роди во пролет следната година.

Парот во 2021 година ја доби ќерката Сиена, меѓутоа Едоардо има и син од претходната врска.


Бакингемската палата денес ја објави среќната вест, заедно со слики од Беатрис и Едоардо. Во соопштението тие порачаа: „Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и господинот Едоардо Мапели Моци со големо задоволство објавуваат дека го исчекуваат своето второ заедничко дете кое треба да се роди во рана пролет“.


Палатата исто така соопшти дека кралот Чарлс, нејзиниот вујко е „воодушевен“ од оваа вест.