Собарка од Јадранот открива какви барања имаат Бекамови кога летуваат: Она на кое најмногу инсистирале - не го добиле

Точка

01/10/2024

11:09

7.528

Големина на фонт

а а а

Познато е дека Викторија и Дејвид Бекам сакаат да летуваат на Балканот, а освен во Хрватска во која неколкупати се враќаа, тие летуваа и во Црна Гора.

Викторија и Дејвид Бекам се заљубиле во брегот на Црна Гора за време на нивниот престој во 2018 година, кога одмораа во луксузен комплекс на Свети Стефан.

Иако често се во центарот на вниманието поради нивното богатство и слава, тие се познати и по тоа што уживаат во едноставните работи. Славниот пар сака да летува скромно, далеку од гламурот и вревата, а не е тајна и дека се големи љубители на природата, па затоа често го избираат кампувањето како опција за одмор.


Тие самите пред неколку години објавија дека летуваат во Црна Гора, односно на Свети Стефан, што предизвика големо внимание во јавноста. Иако со години се главна тема на медиумите, семејството Бекам, како едно од најбогатите во светот, вешто ја користи секоја прилика да се повлече од градскиот метеж и да ги избегне популарните дестинации кои се преплавени со туристи.

Иако живеат луксузно, со пентхаус вреден 20 милиони долари, Бекамови сè почесто го избираат Јадранот како место за одмор и регенерација, подготвувајќи се за новите работни предизвици. Така во 2023 година летуваа во Хрватска, додека претходните години уживаа во Црна Гора, поточно на магичниот остров Свети Стефан.


Зачуваната природа на ова место не е случајно избрана за нивниот одмор. Менаџментот на луксузниот ресорт на Свети Стефан внимателно избрал специјално обучен персонал кој се грижел за сите потреби на Бекамови, за нивниот престој да биде што попријатен. Нивните два луксузни апартмани биле подготвени со посебно внимание, со максимално почитување на приватноста.

Една од собарките која била задолжена да се грижи за апартманите на Бекамови изјавила дека сите членови на персоналот добиле упатства да влегуваат во пространите апартмани во одредено време.


„Бараа да ги оставиме мобилните телефони настрана за да се обезбеди целосна дискреција. Дискрецијата беше императив. При посетата на ресторанот на Свети Стефан инсистираа на строга забрана за фотографирање. Тие однапред ја изразија својата желба, нагласувајќи дека би сакале да уживаат во храната и приватноста без помпа и пречење“, изјавила собарката.

За жал, таа желба не била во целост испочитувана, бидејќи подоцна на многу портали се појавија нивни фотографии од брегот, што предизвика незадоволство кај парот, пишува „Story.hr“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг