Филмот „The Apprentice“ ја следи животната приказна на Доналд Трамп, а улогата на поранешниот американски претседател ја има актерот Себастијан Стан.
„The Apprentice“ го прикажува Себастијан Стан, кој ја презема најконтроверзната улога во својата кариера додека на големиот екран ја прикажува поларизацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трам. И покрај тоа што Трамп и понатаму е една од личностите кои предизвикуваат најголеми поделби, Стан верува дека филмот ќе ја поттикне публиката малку да размисли за себеси и да ги истражи своите „потемни страни“.
New look at Sebastian Stan as Donald Trump in ‘THE APPRENTICE’
— DiscussingFilm (@DiscussingFilm) October 3, 2024
Read our review: https://t.co/WLVeVK1A8y
(Source: @EW) pic.twitter.com/4qZfF9CPUW
Во разговор за „Entertainment Weekly“, Стан се осврна на хуманизацијата на Трамп во филмот и што сè фановите можат да очекуваат од него.
И покрај многуте проблеми поврзани со Трамп, Стан верува дека секој од нас има малку од него во себеси, без оглед на тоа дали сакаме да го признаеме тоа или не.
„Мислам дека во сите нас, во одредена мерка постои Трамп. Знам дека тоа можеби не е популарно за кажување или луѓето тоа можеби не сакаат да си го признаат“.
Исто така верува дека „The Apprentice“ ќе ги научи љубителите на филмот да ги прифатат своите мани и да станат подобри луѓе. „Важно нѝ е да ги истражиме потемните елементи кои живеат во нас, за да можеме да разбереме како да имаме подобар однос со нив, наместо да ги потиснуваме и одбегнуваме и да се преправаме дека ги нема“, вели Стан.
Sebastian Stan and Jeremy Strong peel back the layers on Donald Trump and his mentor, Roy Cohn, in #TheApprentice. https://t.co/zBsYwvGhN8
— Entertainment Weekly (@EW) October 3, 2024
📷: Pief Weyman, Courtesy of Briarcliff Entertainment, Rich Spirit pic.twitter.com/6qx7i8DYVw
Филмот го прикажува животот на четириесет и петтиот претседател на САД, како специјалист за недвижнини, постепено градејќи ја својата репутација, во периодот од 1970 до 1980 година.
Актерот роден во Романија инсистира на тоа дека може да се поврзе себеси со помладата верзија на Трамп, којашто ја глуми, со оглед на неговата потрага по американскиот сон.
Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Кан, а во текот на октомври ќе пристигне во кината.