„Pornhub“ го возвраќа ударот

Точка

03/07/2024

18:36

3.340

Големина на фонт

а а а

Откако е забранет во неколку држави во САД, „Pornhub“ не се откажува од борба.

Тексас ќе биде главното бојно поле во случајот со порно страниците, кој сега е пратен до Врховниот суд во Соединетите Американски Држави.

Коалицијата за слободен говор, непрофитна група која ја претставува индустријата за возрасни, поднесе петиција до највисокиот суд во април да го преиспита државниот закон кој бара веб страниците со експлицитна содржина да собираат докази за возраста на корисниците. „SCOTUS“ сега прифатил да го преземе случајот со кој се оспорува претходната пресуда на американскиот Апелациски суд.


Тексас е една од многуте држави кои ве текот на минатата година го усвоиле овој вид на закон за верификација на возраста на порно страниците. Додека приврзаниците на овие закони рекле дека имаат за цел да ги заштитат малолетните лица од гледање на несоодветна содржина, нивните критичари законите ги нарекле претерани и додале дека би можеле да создадат нови ризици за приватноста. Како одговор на законите, „Pornhub“ прекина со работа во тие држави, што е потег кој го привлече вниманието на јавноста на оваа ситуација.

„Иако наводно настојува на малолетниците да им го ограничи пристапот до сексуална содржина на мрежата, Законот им наметнува значајно оптоварување на возрасните до пристап на уставно заштитено изразување“, се вели во „FSC“. „Тоа што тука е од централна важност, законот бара од секој корисник, вклучувајќи ги и возрасните, да поднесат лични податоци за пристап до чувствителна, интимна содржина преку интернет, што само по себе претставува загриженост за безбедноста и приватноста“.


Овој случај е едно од најновите прашања за правата од Првиот амандман, кои треба да се изнесат пред Врховниот суд. Порано овој месец, судот го врати случајот за модерација на содржините на социјалните медиуми во пониските судови и донесе пресуда за тоа колку блиску социјалните мрежи можат да стапат во контакт со службениците во врска со дезинформациите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг