Тиктокер од Полска, познат како Груча, пред неколку дена ја запросил својата девојка Вики, но нејзините солзи не течеле од среќа, туку од целосен шок и страв.
Девојката најверојатно претрпела паничен напад, поради што и самиот иден младоженец покрај видеото напишал дека тоа била сигурно најглупавата идеја која досега му паднала напамет.
Имено, Тиктокерот наговорил неколку пријатели маскирани да скокнат од комбе и да почнат со шипки да удираат по неговиот автомобил, како да сакаат и двајцата да ги киднапираат или да ги истепаат среде пат.
Преплашената девојка почнала да вреска, а потоа се расплакала кога „романтичарот“ застанал до возилото со прстен и букет цвеќе.
За негова среќа, таа сепак му рекла „да“, но сè упатува на фактот дека до крајот на животот нема со задоволство да се присетува на тој судбоносен момент.
Во меѓувреме, видеото собра над 3 милиони прегледи на ТикТок, бројни блогови од различни европски земји почнаа да го споделуваат, но ретко кој успеал да најде било какви пофални зборови за идејата и изведбата.