[ВИДЕО] Три сестри направиле операција на носот, резултатот вчудовиди многумина: „Родителите нема да ве препознаат“

Точка

02/07/2024

19:43

4.700

Големина на фонт

а а а

Три сестри ги „запалија“ социјалните мрежи, а сè благодарение на турскиот пластичен хирург Ахмет Дилбер.

Тој неодамна се пофалил со трансформацијата која ја постигнал, а која вчудовиди многумина. Сестрите му се обратиле со желба да го променат изгледот на носот, а сега сите ја коментираат промената кај нив.

„Главниот проблем што го имаа беше тоа што носот им беше преголем за лицето, а имаше и грпка. Ги решивме нивните проблеми и сега имаат природни и слатки носеви по нивна желба“, напишал докторот.


„Родителите нема да ве препознаат“

За разлика од бројните реакции на корисниците кои во главно не се љубители на естетските зафати, трите сестри добиле бројни комплименти.

„Си завршил фантастична работа“, „Совршено, изгледаат сосема природно“, „Повеќе не личат на истите личности“, „Не можам да верувам дека е можно вакво нешто“, „Родителите нема да ве препознаат“, се дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг