[ВИДЕО] Бијонсе доби восочна фигура во париски музеј, а фановите се потсмеваат: „Која е оваа жена?“

Точка

05/07/2024

10:11

3.271

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка Бијонсе доби восочна фигура во музејот „Grévin“ во Париз. Фигурата е со природна големин, облечена во блескав фустан.

Под видеото на официјалната веб-страница на музејот се појавија коментари на обожавателите кои велат дека восочната фигура воопшто не личи на Бијонсе.

„Која е оваа жена?

„Дали е ова шега?“, „Дали некогаш сте виделе како изгледа Бијонсе?“, „Таа воопшто не личи на Бијонсе“, „Ова е навистина лошо“, „Која е оваа жена?“, „Како велите „Лоша работа, почнете одново“ на француски?“, „Сосема погрешно“ и „Кој е ова по ѓаволите?“ се некои од многуте коментари.

Инаку, во лондонскиот музеј Мадам Тисо исто така има восочна фигура на познатата пејачка, за која исто така имаше многу негативни коментари поради нејзината светла кожа. Музејот објасни дека е виновна комбинацијата на осветлувањето во музејот и светлината на фотографскиот блиц.




Спонзорирани линкови

Маркетинг