[ВИДЕО] Келнер открил како ги казнува грубите муштерии: „Ми дадовте шанса за одмазда“

Точка

03/07/2024

22:32

5.642

Големина на фонт

а а а

Келнерот Дилан Карино од Тексас објави видео во кое откри како им се одмаздува на грубите и арогантни муштерии. Тој објасни дека некои гости често ги игнорираат правилата. На пример, седнуваат на валкана маса, наместо да чекаат менаџерот да ги одведе на слободна маса.

Дилан објасни дека во овој случај, обично ги остава гостите да седат на валкани маси околу 20 минути додека не прашаат зошто никој не ги послужил. Потоа се преправа дека не знаел дека чекаат затоа што се опкружени со валкани чинии.

"Никој не ви помогна? Има валкани чинии, не јадете уште?“ ги прашувал тој, а кога гостите ќе му кажат дека не се нивни, тој им одговара: „Чекај, сами си влеговте и седнавте без да разговарате со никого? Рестораните не функционираат така“.

„Ох, копнеете за палачинки?

Дилан, исто така, објаснува дека внесувањето сопствени пијалаци во ресторанот е прилично лошо однесување на клиентите, кое го казнува со тоа што менито за појадок наеднаш необјасниво ќе биде недостапно.

„Ох, цел ден копнеевте за палачинки? Само што останавме без тесто. Појадокот заврши пред шест минути. Сакате да ги убедам дека треба да направат појадок откако веќе заврши? Во тој случај, можеби не требаше да си донесете кафе од дома“, објаснува тој.

„Ми дадовте нешто многу повредно од парите - шанса за одмазда“

Келнерот нагласи дека верува оти во коментарите ќе има и такви кои ќе кажат дека не би му дале бакшиш - и додаде дека не му е грижа.

"Кога се однесувам вака, претпоставувам дека нема да добијам ни бакшиш. Чувајте ги вашите шест долари, не ми требаат. Ми дадовте нешто многу повредно од парите. Ми дадовте шанса за одмазда", заклучи тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг