Ајнштајн ова го појадувал секое утро: Верувал дека овој појадок му дава енергија и го поттикнува памтењето

Точка

30/06/2024

15:35

14.817

Големина на фонт

а а а

Познатиот физичар Алберт Ајнштајн, автор на теоријата на релативноста, сè уште се смета за еден од најбрилијантните умови што светот некогаш ги имал. Алберт Ајнштајн е роден на 14 март 1879 година во Улм.

Запаметен е по неговата теорија на релативноста и ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година за објаснувањето на фотоелектричниот ефект.


Наводно Ајнштајн секое утро појадувал пржени јајца и пиел кафе без кофеин, а верувал дека овие намирници му помагаат подобро да помни. Омилен појадок на познатиот физичар биле јајцата, но засладени со мед, а еве како се приготвуваат:


@forestfreshhoney Einstein had this for breakfast! Here’s how to make Einstein’s Eggs using our delicious Marri honey 🍯 #breakfastrecipes #honeyrecipe #fyp #einsteineggs #viral #foodideas #eggrecipe #forestfreshhoney #australianhoney #honey ♬ Yummy - Justin Bieber


Во топла тава растопете половина лажичка путер. Откако ќе се загрее, во тавата скршете две свежи јајца и пропржете ги по желба. Кон крајот, кога ќе видите дека јајцата се доволно испржени, додадете една лажичка мед. Откако ќе се растопи медот, поместете ја тавата од десно кон лево така што растопениот мед да се разлее врз јајцата.

Ајнштајн сакал да ги јаде со свежо печено печиво. Пиел само кафе без кофеин и црн чај. И овој страствен пушач, исто така, го сакал и пунчот од целер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг