Легендарниот „DeLorean“ се враќа по 40 години и тоа на струја

Точка

01/07/2024

10:52

1.810

Големина на фонт

а а а

Оние кои се одлучиле од бензинското минато да „скокнат“ со својот „DeLorean“ во електрична иднина, во пакетот ќе добијат електромотор со сила од 160 kW.

Британската компанија „Electrogenic“, која веќе со години нуди конверзиски сетови за претворање на класични автомобили во електрични, може да се пофали со најновиот модел кој го изработила, а тоа е легендарниот „DeLorean DMC-12“, кој не се произведува повеќе од 40 години, но и натаму е препознатлив како легенда од филмскиот серијал „Враќање во иднината“.


Оние кои се одлучиле од бензинското минато да „скокнат“ со својот „DeLorean“ во електрична иднина, во пакетот ќе добијат електромотор со сила од 160 kW, што на култниот автомобил за половина ќе му го намали времето за забрзување, па од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 5 секунди.


Претворањето на класичен во електричен „DMC-12“ е неинвазивно, без сечење, модификации на шасијата или слични зафати, туку е „plug and play“ и со самото тоа е и целосно реверзибилно, во случај сопственикот некогаш да се премисли. Додатокот на нова технологија додава дури 40 килограми на оригиналната маса на возилото.


Сетот со вградувањето вреди меѓу 77 и 100.000 евра. Секако, не се препорачува да се поврзе со гром како што тоа во филмот го направи Док.




Спонзорирани линкови

Маркетинг