И богатите во „непријатна“ ситуација: Авто-гигантот воведува штедење, 200 менаџери остануваат без службено „Porsche“

Точка

02/07/2024

18:02

2.062

Големина на фонт

а а а

„Volkswagen“ го ограничи бројот на менаџери кои можат да користат луксузен спортски автомобил „Porsche“ во деловни цели за да заштедат пари, потврдил портпаролот на компанијата.

Само членовите на управата на „VW“ групата и директорите на брендот „Porsche“ можат да изберат автомобил од оваа марка за свое службено возило, објави високотиражниот германски весник „Bild“.

Правилникот за службени возила е изменет на почетокот на годината, потврдил вчера за агенцијата „dpa“ портпаролот на „Volkswagen“. Тој не прецизирал колку компанијата планира да заштеди со оваа мерка.


Според податоците до кои вчера дошла „dpa“, промената опфаќа околу 200 менаџери во „VW“ групата.

Некои менаџери веќе поднеле тужба до судот во Брауншвајг, во близина на седиштето на „Volkswagen“ за да ја оспорат уредбата.


„VW“ кон крајот на минатата година најавил мерки со кои би требало да заштеди 10 милијарди евра до 2026-та година, вклучувајќи четири милијарди во 2024-та година.

Компанијата планира да го забрза развојот во производството, да ги намали трошоците на вработените и да ги приспособи набавките за да биде поефикасна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг