Хрватите не престануваат да се шегуваат за робо-таксито кое не дошло: „Ми доаѓаат солзи“

Точка

27/06/2024

22:33

5.981

Големина на фонт

а а а

Шегите на социјалните мрежи не престануваат откако се случи проблем додека Мате Римац во кампусот во Керестинац кај Загреб го претставуваше робо-таксито, кое ќе се вика "Verne".

Имено, робо-таксито не одговорило на повикот на Римац. Двапати се обидел да повика возило на бината, но автомобилот не се појавил. Римац го повика преку апликацијата или барем тоа така го претстави на сцената.

Шегите не престануваат поради тоа.

„Па ова е југо со ново ветробранско стакло“, „Ајде зошто не дојде возилото. Сигурно дојде, едноставно беше невидливо“, „Можеби некој го саботира. Можеби Кинезите, можеби Јапонците“, „Ова такси е како Ливаја, му се јавија, не сакаше да дојде“, „И подобро што не дојде. Постои можност да не застане на бараната локација“, „Можеби треба да се ресетира“, се пошегуваа луѓето на Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг