Нов проблем за Маск: „Cyberturck“ подивел и се забил во куќа! Возачот: „Не можев ништо“

Точка

27/06/2024

12:20

4.200

Големина на фонт

а а а

Го чекав овој момент пет години, а автомобилот на крајот го имав пет часа. Мал дел од мојата душата е мртва, напишал несреќниот возач…

За „Cybertruck“ платил 109.000 долари, а со нетрпение го чекал денот кога конечно ќе го вози, а потоа сништата му биле уништени во неколку секунди. Возилото подивело, се забило во куќата на соседот, штетата на автомобилот е поголема од 30.000 долари, а сигурно ни соседите не се среќни …

Оваа несреќа ја имал еден корисник на Твитер од САД со име „Cobra 1“, кој со своите пријатели ја споделил снимката од несреќата. За среќа, барем тој минал без повреди …

„Возилото само од себе нагло забрза, сопирачките не работеа, не можев да управувам со автомобилот“, напишал овој корисник на Твитер, кој открил и дека за новите делови мора да чека една година. Ако до тогаш не се откаже од „Cybertruck“…

„Чекав на овој момент пет години, а автомобилот на крајот го имав само пет часа. Мал дел од мојата душа е мртов“, напишал корисникот „Cobra 1“ на Твитер.

Ова никако не е добра реклама за Илон Маск. „Tesla“ во април оваа година морала да повлече 4.000 Cybertruck возила поради проблемот со педалата за гас, а порано оваа недела повлекоа 11.000 возила поради проблеми со бришачи, и уште 11.000 поради проблемот со облогата на багажникот.

Ова се последни во низата компликации на возилата чие масовно производство би требало да започне следната година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг